На натпреварот помеѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев беа видени навистина необични сцени, бидејќи мораше да се направи пауза поради рој пчели.
На страната на Алкараз од теренот имаше многу пчели кои претставуваа опасност за Шпанецот, кој мораше да истрча во соблекувалната.
Судијата сфатил колку е сериозна ситуацијата, па го прекинал мечот, а потоа на сцената влегол човек по име Ленс Дејвис.
Човек со прекар „убиец на пчели“ ја завршил работата, ги отстранил пчелите со специјална правосмукалка што ја донел и така станал херој на денот.
The most BEE-ZARRE thing you'll ever see!! 🐝#TennisParadise pic.twitter.com/OAHe0lIMpB
— Tennis TV (@TennisTV) March 14, 2024
Дејвис целата работа ја заврши без заштитна опрема, но најважно е што се помина успешно, иако прекинот траеше речиси два часа.
The hero we didn't know we needed 🐝🙋♂️#IndianWells pic.twitter.com/FNRKWZZGJV
— BNP Paribas Open (@BNPPARIBASOPEN) March 14, 2024
Навивачите беа воодушевени од Дејвис, па се сликаа со него на трибините.
✌️
Thanks for everything, Lance!@bnpparibasopen pic.twitter.com/IM55ARnPQF
— Tennis TV (@TennisTV) March 14, 2024