„Дали е ова навистина Марија? Невозможно! Што е со носот?“, „Мислам дека го оперирала носот“, „Ми недостига старата Марија“, „Не, ова не си ти“, „Не личиш на себе“ „Убава си, но многу се промени“, вака реагираа фановите на Инстаграмот на тенисерката со светска слава Марија Шарапова.
Таа објави неколку фотографии од Париз, каде што се одржа модна недела. На фотографиите Марија облечена во тексас панталони и кошула комбинирани со црна чанта и чевли привлече посебно внимание со нејзиното лице, кое, според нејзините обожаватели, е извештачено и не онаа природната Марија Шарапова.
Тенисерката подолго време живее во САД, а пред година ипол стана мајка и на свет го донесе синот Теодор, кој го доби со својот вереник, британскиот милионер Александар Гилкс.
Шарапова го освои Вимблдон во 2004 година кога имаше само 17 години, а две години подоцна триумфира и на Ју-Ес Опен.
Победи на Австралија опен во 2008 година, а во 2012 и 2014 година го освои Ролан Гарос. По повлекувањето од тенисот, таа лансираше свој бренд, кој нуди секакви слатки и бонбони во повеќе од 20 земји низ светот.