Најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани организираше свадбена церемонија за својот син Анант Амбани (28). Свадбата која ги собра јавните личности од целиот свет, наводно чинела 120 милиони долари!
Дел од богатството потрошено за организацијата на свадбата, отишол на хонорар на пејачката Ријана која пеела околу час и половина. За тоа време таа ги изведувала најпопуларните песни од својата кариера, а тоа задоволство го наплатила 5 милиони евра.
Ријана на забавата носела зелен фустан со розе хулахопки, па како што пренесуваат медиумите, решила и да им се обрати на младоженците. Според коментарите на Твитер пак, подобро да не го направела тоа.
Откако не можела да им ги „погоди“ имињата и по три обиди, таа им посакала многу среќа.