Во Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена популарната комична опера во два чина „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на Урсула Хорнер од Австрија, а сценограф е Марија Ветероска. Костимографијата е на Марија Пупучевска, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.
Во улогата на Фигаро ќе настапи Васко Здравков, во улогата на Розина, Биљана Јосифов, а во улогата на Гроф Алмавива ќе настапи гостинот од Италија, Роберто Јачини Вергилиј, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Соња Пендовска Мадевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Марко Димовски, Камениот човек: Борко Биџовски, чембало: Елена Сиљаноска во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Како што потенцираат од НОБ, операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди