Американскиот воздухопловец Арон Бушнел во знак на протест против израелската војна во Газа се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон, а по неколку часа почина од повредите, пренесува Ал Џазира Балканс.
Американските медиуми претходно објавија дека Бушнел пренесувал сè во живо на платформата Твич, говорејќи дека „нема да биде соучесник во геноцидот“, по што се полил со течност. Потоа се самозапалил извикувајќи „Слободна Палестина“, додека не паднал на земја.
Видеото подоцна е отстрането од платформата.
Израелската амбасада е мета на постојани протести поради израелската војна против Газа, која започна по прекуграничниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.