По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи и придружници в сабота организира бесплатен разглед на градот Скопје.
Од Асоцијацијата информираат дека разгледот ќе се одржи во два термини со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза.
-Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје може да присуствуваат. Во сабота Ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме денот на туристички водичи, велат од Асоцијацијата.
Асоцијацијата на туристички водичи ќе организира бесплатен разглед и на Охрид и Битола.