Една од најжестоките светски лајв атракции, symphonic metal бендот Apocalyptica доаѓа во Скопје за отварањето на 26.Таксират Фестивал!
Ова е нивната досега најатрактивна и најголема светска турнеја со наслов „Apocalyptica Plays Metallica Vol.2 “, а кај нас ќе бидат гости на 29-ти ноември во „Борис Трајковски”. Спојувајќи ја класичната музика со хеви метал како никој досега, Apocalyptica за кратко време станаа светска атракција!
Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот. На нивните албуми гостувале: Sandra Nasic od Guano Apes, Dave Lombardo (Slayer) , Ville Valo (HIM), Lauri Ylönen ( Rasmus), Till Lindemann (Rammstein), Corey Taylor (Slipknot) Adam Gontier( Three Days Grace) , Gavin Rossdale,( Bush) и многу други.
Годинава Таксират не слави ништо, но секогаш треба повод за добри концерти.
Влезниците ќе бидат во пуштени во продажба од петок во 10 часот преку продажната мрежа на MkTickets