Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, најверојатен претседателски кандидат од републиканците, на саем за спортска облека во Филаделфија промовираше своја марка на патики.
Со висок врв и позлатени патиките се продаваат по цена од 399 долари. Моментално има два модели на патики „Never Surrender“, поскапите кои чинат 399 долари, а поевтините се 199 долари
Настанот се случи ден по одлуката на Врховниот суд на Њујорк да побара од Трамп исплата од околу 350 милиони долари парична казна поради тоа што неговите компании правеле децениски махинации со декларацијата на вредноста на неговиот имот. Ова е една од неколку мултимилионски парични казни што тој треба да ги исплати.
-Сакав да го направам ова уште одамна. Мислам дека ќе бидат голем успех, изјави Трамп држејќи во раце пар од своите патики.
Обувките не се првиот производ што поранешиот претседател ги нуди на своите поддржувачи.
Во САД, дел од кампањата на претседателските кандидати обично е наменет и за прoдажба на промотивна производи, најчесто мајци или капи.
Покрај познатите капи со натписот „Да ја направиме Америка повторно голема“, кампањата на Трамп продава многу повеќе стоки. Така на пример неговите поддржувачи можат да избираат разни маици со неговиот лик, како и вотка, кошули, колонска вода, вратоврски, па дури и мебел, што сите се продаваат под марката Трамп и можат да се купат онлајн.
Donald Trump has unveiled a gaudy new sneaker line, including a $399 pair of limited edition gold high tops. The court-penalty plagued former president could definitely use the money. https://t.co/oEKJq4llEf
— Intelligencer (@intelligencer) February 18, 2024
На веб-страницата за продажба на патиките што е целосно посветена само на овој производ, се вели дека линијата на обувките е „супер ограничена“ и дека се продаваат само 1.000 примероци.