За 50 проценти се поевтини влезници за студентите во сите национални установи од културата, рече денес министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.
Таа на својот Фејсбук профил напиша:
-Културата ја правиме подостапна и заштитуваме стандардот на младите со потпишувањето на Меморандумот со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј- Скопје“. Очекувам голема искористеност на оваа иницијатива и исполнетост на театрите, музеите, галериите во сите градови. Градиме младина која го негува критичкото мислење и која ја чува културата и традицијата, рече министерката.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...