Со месеци се шушка дека актерот Бредли Купер (49) и манекенката Џиџи Хадид (28) се заедно. Сега конечно ја потврдија својата врска, бидејќи беа фотографирани како се држат за раце додека шетаа низ улиците на Лондон. Тие се криеја подолго време, а се сомнева дека се заедно од октомври минатата година, кога првпат беа видени заедно, пренесува мондо.рс.
Тие тајно се наоѓалево куќа на Род Ајленд, која е во сопственост на нивната пријателка, пејачката Тејлор Свифт (34). Таму никој не можел да ги фотографира, па успеале да ја задржат приватноста, а тоа им даде сигурност да ја развиваат својата љубовна приказна без притисок од јавноста. Тие наводно биле чести гости во вилата на пејачката.
Gigi Hadid and Bradley Cooper are seen holding hands out in London. pic.twitter.com/G5KEDG0cc3
— 21 (@21metgala) January 26, 2024
Сепак, се чини дека им е доста од криење, па на јавноста и открија дека заедно се шетаат по улиците на Лондон фатени за рака.
Актерот со голема капа, маскирни панталони и црна јакна, лицето се обидел да го сокрие со очила. Додека манекенката во лежерно издание, широки беж панталони и кратка зимска јакна.
Многумина се надеваат дека оваа врска ќе вроди со плод, и дека ќе биде долготрајна, бидејќи ниту Џиџи, ниту Бредли досега немале среќа во љубовта. Со поранешното момче Зејн Малик, Џиџи ја има тригодишната ќерка Каи, а Бредли ја има шестгодишната ќерка Леа де Сиен со поранешната Ирина Шајк. Бредли и Ирина често се појавуваат заедно во јавност, па некои се прашуваа дали ја обновиле романсата, но новите слики со Џиџи сега сето тоа го демантираат.