Американка со видео снимка покажа како изгледа една свадба на Балканот и призна дека еден од обичаите не може да го разбере. Американката Ели веќе некое време живее во Босна и Херцеговина. Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги споделува своите впечатоци на Балканот. Сега објави и видео на кое зборува со свадбените обичаи, а при тоа откри и што посебно ја изненадило.
На самиот почеток таа истакнува дека балканските свадби се „подиви“ во споредба со оние во Америка.
„Како прво, овде свадбите траат отприлика 15 часа. Околу пладне сите се собираат во куќата на младоженецот за да уживаат во дружба и пиење, но и во традиционална музика“, започнува Ели истакнувајќи дека тогаш сите почнуваат да ги возат своите автомобили.
„Прават колона и со музика со труби одат кон куќата на невестата. Кога ќе пристигнат младоженецот ја „купува“ невестата од нејзиниот татко. Овој обичај е повеќе симболичен и се претвора во еден интересен перформанс“, додава Ели и открива дека еден обичај за неа не е разбирлив.
Според неа, овој обичај не би можел да се изведе во Америка.
„Кога ќе излезе невестата секако дека сите ја дочекуваат со воодушевување. Но сепак, јас не очекував дека луѓето ќе пукаат во воздух во знак на славење. Тоа никогаш не би поминало во Америка. Потоа колоната со возила се движи низ градот и прави што поголема врева“, објаснува Ели.