Првата дама на Аргентина, Фатима Флорез (42) проговори за својот однос со аргентинскиот претседател, Хавиер Милеи.
„Се немаме видено една недела и тешко ми е. Навистина сум зависна од Хавиер. Дури и кога сме разделени, ние сме блиску. Тогаш сме експлозивни, ако ме разбирате“, наведува комичарката и имитаторка Фатима Флорез во интервју за Сандеј тајмс.
Со новоизбраниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи (53) се во врска помалку од една година, но на титулата „прва дама“ веќе се навикна. Само што Фатима не звучи како другите први дами на кои јавноста е навикната… Така на пример, таа со задоволство ќе одговори на прашањата поврзани со нејзиниот сексуален живот.
„Немам замерки, со него имам многу задоволства. Многу сум заљубена во него…“, низ насмевка вели Фатима кога ќе ја прашаат за интимните односи. Милеи во минатото се фалеше со своите сексуални достигнувања и споменуваше неколку „тројки“, но Фатима очигледно успеала да го „воздржи“. Сега му е доволна само таа.
„Не ја носиме работата во нашата врска. Нашите заеднички моменти се за задоволство. Добро го користиме заедничкото време, се поврзуваме, разговараме за емотивни и духовни работи“, изјави Фатима во интервјуто.
Таа се пофали дека Хавиер по победата го повикал поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а поради економската криза во земјата последните недели таа и Милеи сѐ помалку се заедно.
„Беше многу емотивен, сакаше да му честита на Хавиер за победата. Беше фин. Хавиер спие многу малку бидејќи има доста работа. Сега имаме вонредна ситуација во земјата, така што моментите кои гипоминуваме заедно мора да бидат квалитетни. Хавиер не е како останатите политичари, никогаш не сум видела луѓето толку многу да сакаат некој политичар“, додаде Фатима.