Со низа прашања опозициската ВМРО ДПМНЕ „влезе“ во кабинетот на министерот за здравство каде виде непотизам.
ВМРО-ДПМНЕ побара одговор од Меџити:
„Дали се ангажирани сестрата и братот на сопругата на Меџити во кабинетот на министерот и дали за вакви „позитивни промени” зборува истиот тој кабинет во празните реакции? Дали и сопругата на министерот за правда, Кренар Лога кој доаѓа од истата партија како Меџити е вработена на Клиниката за стоматологија? Дали „позитивни промени” според „врвни успеси и експертиза” е и назначувањето на директор на Клиника за неврологија, па отворено е прашањето дали немаше друг доктор со искуство од Клиника, па мораше да се донесе директор од Тетово, без искуство на терциерно ниво на здравствена заштита? Дали претседавачот на Советот во Гостивар исто така, поради „експертиза” или политички мораше да се вработи во терциерно здравство и планот е да се вработи преку Клиниката за токсикологија?“, прашаа од ВМРО ДПМНЕ.
Прашан да даде одговор, министерот Меџити кратко рече: „Тоа се несериозни клевети и не знам од која партија доаѓаат“.
Во Владата работи заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, може да погледне во кабинетот и даде одговор на „несериозните клевети“.