Екс министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ја подготви трпезата и го прослави Бадник со семејството за прв пат откако и заврши затворската казна за предметот „Тенк“.
„Христос се роди! Навистина се роди! Честит Божиќ“, напиша таа под фотографијата со сопругот и детето.
Јанкуловска на својот „Фејсбук“ профил и пред да ја отслужува затворската казна објавуваше фотографии од подготовка на бадниковата трпеза, како таа во 2014 кога со сукало го подготвуваше лепчето.
Екс министерката беше осудена на четири години затвор во 2020 година, но поради добро однесување и поради тоа што е мајка на петгодишно дете беше пуштена по три години и еден месец..