„За мене како човек од туризмот не постојат граници, само дестинации. А дестинациите се шират или стенсуваат во зависност од тоа каде туристите се заинтересирани за патување. Мораме да креираме мотивација и инспирација за туристите да не истражуваат такви какви што сме. Балканот како дестинација ќе биде се попривлечна за европските туристи, кои ќе бидат мотивирани од досега можеби неистражените дестинации во Европа“ рече директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски за „Косово онлајн“.
Тој изјави дека Балканот плени со својот гастро-концепт, но и природата, можностите за авантуристички туризам и културата која изобилува со мултикултурализам.
Според него политичките и економските прашања треба да се раздвојат и иницијативата Отворен Балкан да го продолжи патот, бидејќи како што вели Јаневски за „Косово оналјн“ туризмот имаше најмногу бенефит од заедничките настапи и пазари.
Општо земено, туризмот е поврзан со Отворен Балкан, но туризмот ќе постои и со и без Отворениот Балкан. Сепак, мислам дека ова е одлична порака до другите земји од Западен Балкан и Јадранскиот регион дека ќе бидеме доволно конкурентни.Тоа можеме да го направиме само преку промоција на Македонија, преку промоција на Отворен Балкан, бидејќи сметам дека Отворен Балкан треба да се заснова на многу повеќе културни, економски и туристички вредности“, потенцира Јаневски.