Полициски службеници од СВР Велес синоќа околу 20 часот го лишиле од слобода М.Г.(26) од Велес. Тој се сомничи дека со уште едно лице во куќа во Велес, каде што извршувале промена на клима уред, одзеле пари и накит, информираат од МВР.
Според пријавеното, тие искористиле прилика и го извршиле делото кога сопственикот излегол од куќата.
Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.