Опозицијата своевремено ги манипулираше граѓаните и не веруваше во реализација на проектот Мој ДДВ, но СДСМ како партија ги реализира дадените ветувања, а тоа е препознаено од граѓаните.
Преку мој ДДВ вратени се милиони денари назад кај граѓаните, рече денес Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во утринската програма на Слободен Печат.
Првиот човек на МВР зборувајќи за случајот со двете убиства, истакна дека ова е случај кој ја засега целата македонска јавност.
- Тоа беше една трагедија којашто во ниту еден момент не треба да се наоѓа како злоупотреба во полтички или било какви други цели. Во овој период кружеа и дезинформациите и лажните вести кои дополнително предизвикуваа паника и страв кај граѓаните. Она што е јасно е дека според сите спроведени истраги, полицијата брзо и ефикасно работеше на случајот со двете убиста. Полицијата работеше многу посветено без ниту еден момент на штедење за да се открие случајот до крај, рече Спасовски.
Во гостувањето на утринската програма на Слободен печат, министерот Спасовски нагласи дека направено е многу во изминатиот период за подобрување на ефикасноста во работењето на македонската полиција.
- „ Изградени се 2 објекти кои се од витално значење за МВР и тоа: ИКЦ- Центарот во Прилеп за заштита на електронските пораки и градбата на одделот за форензички испитувања со ЕУ – со најмодерна и софитицирана лабараторија во регионот. Во моментот тече градбата на новата полциска станица во Аеродром а и има реконструкција на објекти во МВР. Реконстуирани се над 80 полициски станици низ државата’’ – рече Спасовски.
Ова е само дел од релзираните проекти во поглед на јакењето на капцитетите на институциите и безбедносниот систем во државата во кои како што вели Спасовски, континурано поддршка се добива од ЕУ и САД.
Тој додаде дека граѓаните ги препознаваат вистинските вредности за подобар животен стандард и ги уважуваат напорите за да станеме земја членка на ЕУ за подобра иднина.