Еден од најблиските соработници на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, но и на Христијан Мицкоски е фатен како поседува и шмрка кокаин на сред кафиќ во Охрид, информираат од СДСМ, цитирајки податоци од билтенот на МВР.
-Како што информираше МВР, вчера на 9 декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин. Истакнатиот член на ДПМНЕ од Пештани, е Александар Толаманоски, со прекар Дандаро, кој работи како просветен работник! Толоманоски-Дандаро важи за исклчително близок до Мицкоски и градоначалникот Пецаков.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/12/вмро-кокаин1-601x1024.jpeg)
Дали ова се традиционалните и морални вредности што ДПМНЕ им ги промовира на младите и учениците? Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и овој скандал кажува многу за какви луѓе станува збор. Деструктивност, уназадување, кочничари и криминални структури! Тоа е ДПМНЕ! Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски,а не само фасадата на Белата палата, се вели во информацијата од СДСМ.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)