Министерот Оливер Спасовски вечерва потврди дека е уапсен како што рече, крераторот, планерот, главниот кооринатор и директен извршител на убиствара на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Љупчо Палевски е уапсен во турскиот град Баликесир.
Спасовски рече е изготвена на 100 страници кривичната пријава против пет лица за грабнувањето и убиството на Ѓорчевска и Жежовски.
– Тоа беше последната алка од овој грозоморен чин за да ги разобличиме овие монструми. Вчера попладне на барање на МВР беше распишана итна меѓународна потерница на Интерпол. Тоа е црвената потерница која стана видлива во сите земји членки на Интерпол. Постапката за екстрадициониот притвор продолжува по процесура на МВР се додка лицето не биде спроведено во Македонија и изведено пред суд. – рече Спасовски.
Спасовски во детали раскажа како течела постапката на лоцирањето на Палевски се до неговото приведување.
– Неговиот адвокат вчера го однел во Србија, таму е оставен во еден хотел, оттаму наредниот ден го презема друго лице од Скопје со џип ренџ ровер и преку граничниот премин Градина влегува во Бугарија, има транспорт низ територијата на Бугарија и влегува во Турција. Таму оди во градот Баликесир и нашите служби од секторот за меѓународна полициска соработка стапуваат во контакт директно со власти и и полицијата и со еден нивен оперативен извор кој што за кратко време врати повратна информација, дека лицето е во тој град и ни кажа за неговите намери. Оттука, сакал да замине во Истанбул, се подготвувал и со такси возач оди во Истанбул и тука е симулирањето негово и се враќа назад во Беликесир и денеска попладнево од страна на турската полиција е уапсен додека се движел пешки по улица во Баликесир. – рече Спасовски.
Тој изрази посебна благодарност за соработката најпрво до Република Турција, како и до Република Србија и Република Бугарија, на чии територии водеше патеката на движење на осомничениот, но и на Република Хрватска, која самоиницијативно известила дека веќе извршила проверки на нивната територија.
Инаку кривичната пријава против петте лица е веќе изготвена на повеќе од 100 страници, вклучувајќи ги и доказите приложени во неа и предадена на Основното јавно обвинителство.
Со неа се опфатени пет лица, од кои еден за грабнување и за убиство, тројца за грабнување и за соизвршителство при убиство и еден за помагање при грабнување, предвидени со нашиот Кривичен законик, кои се осомничени согласно доказите кои полицијата ги прибра во предистражната постапка.