Адвокатите во Грција од денеска до следниот понеделник не ги извршуваат нивните должности во знак на протест против новиот закон на Владата во однос на даноците и новите начини на оданочување, јави дописничката на МИА од Атина.
Во петокот, претседателите на адвокатските комори одржаа состанок и одлучија да предложат целосно отсуство на адвокатите од вршењето на должностите, со исклучок на одредени случаи и судски процеси.
Паралелно, најавија дека ќе собираат потписи од адвокатите од целата земја, ќе испратат допис до грчкиот премиер, закажаа протест пред Парлалемнтот на денот на гласањето на законот, а в четврток ќе одржат нов состанок за да ги одредат нивните следни чекори.
Во соопштението велат дека паднал во вода секој обид за дијалог бидејќи „Владата избра даночна рација наместо да се бори против даночното затајување, уништување на малите и средни бизниси наместо да ги поддржува“.
Фото: МИА