Канибал, кој во Русија беше осуден за убиство, а потоа изел четворица тинејџери, е ослободен по шестмесечна борба на фронтот во Украина.
Николај Оголобјак (33) отслужувал 20-годишна затворска казна кога се согласил да се приклучи на руската војска и да оди на фронтот.
Убил четворица тинејџери, а потоа и рекол на полицијата дека „ѓаволот ќе ги заштити бидејќи многу се жртвувале за него“.
Неговиот татко за локалните медиуми изјавил дека од бојното поле се вратил со неколку рани.
„Откако беше ранет му беше невозможно да се бори. Може да оди, но има неколку рани. Моментално никаде не работи, се опоравува“, рекол неговиот татко.
Putin pardoned satanist Nikolai Ogolobyak, who violently murdered teenagers in Russia 15 years ago. He severed their body parts, cut out their hearts, cried, and ate. It was a part of the ritual.
He spent 6 months killing civilians in Ukraine, and now he’s home as a free man and… pic.twitter.com/4YbBv4hf8g
— Victoria (@victoriaslog) November 21, 2023
Николај беше осуден во 2010 година за убиство на Ања Горокова, Олга Пукова, Варја Кузмина и Андреј Сорокин. Во две одделни ритуални убиства биле убиени четворица тинејџери.
Во 2008 година, тој и уште шест членови на неговиот сатанистички култ дрогирале и изболе жртви 666 пати во шума во областа Јарослав во Русија.
За време на судењето беше објавено дека членовите на култот се фотографирале со телата на жртвите, а еден од нив дури и се капел во нивната крв.
Првите две жртви беа школските другарки Ања и Олга.
Николај ги намамил девојките во станот во кој се собирале членовите на сектата. Тие биле дрогирани и со алкохол пред да бидат донесени во шумата.
Сатанистите потоа формирале петаголник и запалиле оган во него.
Еден од нив потоа дал знак и сите членови почнале да ги бодат жртвите.
Откако биле убиени, членовите на култот готвеле, а потоа ги јаделе нивните тела.
Meanwhile in Russia.
Putin pardoned Nikolay Ogolobyak, a satanist originally from the Russian city of Yaroslavl, who had been sentenced to 20 years behind bars for ritual murders.
In 2008, he, as part of a group of seven, slayed and dismembered four teenagers while chanting… pic.twitter.com/gVQqQl7kRm
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) November 21, 2023
Следниот ден, Варја и Андреј беа убиени со истиот метод.
Откако беа уапсени осумтемина членови на култот, полицијата ги пронашла деловите од телото на жртвите во близина на станот на Николај.
Сите се осудени на неколку години затвор.
Откако Николај се борел во Украина, тој се вратил дома на 2 ноември. Според законот што го донесе Путин, тој сега е слободен човек во Русија.