Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија може да создаде нови кризи на Балканот и во Молдавија, за да го сврти вниманието од војната во Украина.
– Денес сите зборуваат за кризата на Блискиот Исток. Но, како што искрено кажав, овој проблем не е од вчера. Не е ни од завчера. Сите знаат за овој долгогодишен конфликт и војна, но никој не сака да стави крај. Сигурни сме дека зад војната на Блискиот Исток стои Русија со нејзиниот сојузник Иран, наведе Зеленски.
Тој додаде дека „треба да се обрне внимание на Балканот“.
“Pay attention to the #Balkans,” 🇺🇦 President #Zelenskyi told a group of journalists yesterday.
“Believe me, we are getting information: #Russia has a long plan. The Middle East. The second distraction will be the Balkans. At least, if the countries of the world, the partners,… pic.twitter.com/Rp9nMXu8zR
— Adi Ćerimagić (@adicerimagic) November 16, 2023
– Верувајте ми, добиваме информации, Русија има долгорочен план. Блиски Исток, ќе биде и Балканот, ако светските сили сега ништо не направат, ќе има нова експлозија, посочи Зеленски.
Тој тврди и дека Москва ја поткопува ситуацијата во поранешна советска република, Молдавија.
– Дека нешто не е во ред се виде на изборите. Изборите треба да се прогласат за неуставни. Да се уништи актуелната Влада, која е проевропска, истакна Зеленски.