Во речиси 3.000 бразилски градови и населени места, на сила е црвен метеоролошки аларм поради екстремните горештини, јави Би-би-си.
Температурата достигна рекордно високо ниво во области околу Рио де Жанеиро, каде што надмина 52,5 степени Целзиусови.
Повеќе од сто милиони луѓе се погодени од горештините, а овој топлотен бран ќе трае до петок, 17 ноември, најавија од метеоролозите во Рио де Жанеиро.