Најмалку 200 тела се погребани денеска во „заедничка гробница“ во рамките на болничкиот комплекс Ал Шифа во Газа, изјави д-Мохамед Абу Салмија.
Тој додаде дека меѓу погребаните во тој гроб има седум предвремено родени бебиња, кои починале поради недостиг на електрична енергија.
Саламија посочи и дека денеска на интензивна нега починале уште две лица, со што бројот се искачи на 29 од саботата кога беше прекинато напојувањето со електрична енергија во болницата Ал Шифа.
Израелски тенкови денеска се речиси пред влезот во болницата Ал Шифа.
На медицинскиот персонал му биле потребни шест часа за да закопаат 200 луѓе.
„Почнавме околу 8:30 наутро и завршивме околу 15:00 часот по локално време“, рече Ел Бурш, пренесе Би-Би-Си.
Според него, телата седеле таму со денови додека не почнале да се распаѓаат, поради што на лекарите им преостанало само да ископаат масовна гробница.
„Не можевме да ги отвориме прозорците на зградите поради непријатната миризба што доаѓаше од дворот“, изјавил палестинскиот лекар.