Жена од Полска решила да му ја докаже љубовта на своето момче тетовирајќи го неговото име на лицето. Вели дека нема да зажали затоа што е сигурна дека никогаш нема да ја прекине врската, пренесува индекс.хр.
-Заљубена сум и тоа го докажува моето мастило, вели Ана Стансковски од Полска, која на челото го истетовирала името на своето момче.
Иако многумина и велеа дека ќе зажали за тетоважата, таа вели дека е заљубена и никогаш нема да зажали за одлуката. Стансковски, која веќе има многу тетоважи на своето тело, го документира процесот на тетовирање преку социјалните мрежи.
Таа сними уште неколку видеа како одговор на критиките за издлабувањето на неговото име, бидејќи многумина и рекоа дека ќе зажалат еден ден.
@anastanskovsky My new face tattoo ❤️
♬ original sound – Ana stanskovsky
-Сите ми велеа дека ќе зажалам, но секогаш кога ќе се погледнам во огледало сум заљубена – им одговара Ана.
-Вљубена сум во тетоважата и вљубена сум во дечко ми – додава таа, а отишла и чекор понатаму, велејќи дека секој треба да го истетовира името на својот партнер.
Таа мисли дека ако навистина сакаш некого, тоа треба да го покажеш.
-Мора да го докажеш. Ако вашата девојка не сака тетоважа со вашето име на лицето, само треба да најдете нова девојка – вели таа.
Ана не е загрижена за раскинувањето бидејќи ја направила тетоважата за да ја покаже својата љубов и мисли дека тетоважата е убава, сепак многумина не се согласуваат со нејзиното мислење.
„Душо, има уште толку многу начини да ја покажеш својата љубов“, „Ја чекам тетоважата за раскинување“… се само дел од коментарите.
На Ана не и е јасно зошто сите мислат дека тетовирање на толку голема тетоважа на лицето е голема работа.
-Што ако раскинеме? Ќе треба само да најдам друг Кевин – одговорила на критиките и додала дека никогаш нема да раскине.
Сепак, некои се сигурни дека таа глуми и дека сето тоа е шега за социјалните мрежи, но таа тврди дека нејзината тетоважа е вистинска.
-Да, вистинска е. Толку е свежа што не ми се верува дека ја направив. Не и кажав на мајка ми. Мислам дека малку ќе полуди, но имам толку многу тетоважи што и не е важно – објаснува таа.