Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазиja (Queen EURASIA 2023).
Нашава држава ја претставуваше 17годишната Мелани Трајковска од Делчево, која успеа да ја освои титулата Кралица на модата (Queen of fashion).
Победничка на изборот е претставничката на Украина.
Ова е уште една од низата титули кои девојките од Модното студио „Црнокрак“ ги освоија оваа година на интернационалните избори за убавина кои се одржуваа ширум целиот свет и уште еднаш потврдија дека се вистински амбасадори на македонската убавина кај и да се појават.
На изборот учествуваше уште една девојка од Модното студио „Црнокрак“, 20годишната Љубица Блажеска од Струга која исто така направи убав успех со пласманот во финале, меѓу најубавите 10 девојки.
Изборот се одржа во прекрасен хотел во Белек-Анталија, каде девојките беа сместени и се подготвуваа за финалниот избор.
Во жирито кое одлучуваше за тоа кои девојки ќе добијат титули се најде и нашата Сандра Стефановска, која беше победничка на овој избор 2017 година.