Пред Анктната комисија за случајот Онкологија денес одговараше екс директорот Нино Васев.
Меѓу прашањата беше и она за наводното лечење на пациенти на функционери, кои немале карцином.
-По кој протокол блиски лица на функционери се лечат на вашата клиника, а немаат карцином, праша Зоран Коцевски од ВМРО ДПМНЕ.
-На што мислите на функционери! Ако мислите на тој случај да појаснам. Во време на корона доага жена на брза помош на Пулмологија со тежина во гради и вода во бели дробови. Пациентката не е примена како онколошки, туку се сомневавме. Мајката имаше 40 хемоглобин, а со 35 се умира. Не е заведена како онколошки пациент. Жената е жива и денес. Не се води како малигна болест, рече Васев на што Коцевски незадоволен од одговорот додаде:
-Докторе, намерно или ненамерно не ми одговоривте на прашањето. Кога се однесува за протоколот, не прашав кој е и што е и чија жена е. Прашав по кој протокол, само прашав по кој протокол и дали сте сигурен дека не е заведена како пациент со карцином, рече Коцевски.
-Не знам како да објаснам, примена е со анемија. Испадна дека е најтежот лучај на свет а е мајка на колега, рече меѓу другото Васев.
На ова емотивно со дообрајснување повторно се обрати Коцевски:
-Докторе, знаете ли зошто ви го поставив третото прашање? Двајата мои родители починаа од карцином и јас дознавам дека место некој од нив да лежи таму каде што треба. Наместо за време на ковид некој од нив да може да се снима, да ги направи сите снимки, мајка ми чекаше шест месеци. И карциономот прогресираше. И сега ми одговарате дека се било во ред. Што правиме ако е жената заведена со карционом? Што правиме тогаш? А не било така како што кажувате. Не станува збор дали ви е близок или не, рече Зоран Коцевски од ВМРО ДПМНЕ.
На ова Васев рече:
-Разбирам емиција ама сигурно секој од нас чекал на испитување. Мои родини за мамографија чекаа по 3-4 месеци. Ми е жал што е така. Не бранам никој но случајот беше баш на врата. Примена е жената, спасен е животот и да не одам понатаму во тоа, рече Васев и продолжи со другите одговори.
На ова Коцевски му рече дека „очигледно не се разбираме. Важен е протоколот. Во ред секој живот е скапоцен. Не велам зошто тамулежела, секој се бориз за блискиот. Тоа не е проблем, проблем е во протоколот“..
„Имате право. Ако не е карцином треба да се избрише, тоа само ќе смета во статитика, рече на крајот Васев.