МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против Е.И. (28) од Скопје поради сомнение дека на 14.10.2023 околу 00.00 часот на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал 23-годишната бремена сопруга.
Според МВР, од здобиените повреди настанала смрт кај плодот, што било потврдено со вештачење.
Од судија на претходна постапка на Е.И. му била определена мерка притвор.