Во денешниот билтен МВР информира за напад на две жени во Штип во ист ден.
-На 04.10.2023 во 21.00 часот во СВР Штип, С.Г.(28) од Штип пријавила дека околу 20.50 часот на ул.„Железничка“ во Штип била физички нападната од М.К.(41) од Штип. По комплетирање на случајот против М.К. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР и додаваат:
-На 04.10.2023 во 21.08 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Панко Брашнаров“ во Штип бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од Е.Д.(21) над 27 – годишната С.М., двајцата од Штип. По комплетирање на случајот против Е.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во соопштението од МВР.