На 10 ноември во Македонска филхармонија свој концерт ќе одржи една од најпопуларните македонски групи, „Нокаут“, а специјален гостин на вечерта ќе биде Дарко Гелев – Брејк, кој после подолго време ќе испее дел од своите хитови.
Концертот ќе биде „Unplugged“ и ќе се снима во живо за ново концертно аудио и видео издание.
Концертот е во организција на продукција”Сцена” карти ќе бидат пуштени во продажба од 2 октомври преку мрежата на mktickets.mk.
Билетите се во ограничен број. Концертот почнува во 20 часот, во Македонска Филхармонија.