Финската државна телевизија објави старо видео од рускиот претседател Владимир Путин, направено за време на неговата посета на Финска на почетокот на деведесеттите години на минатиот век.
На видеото Путин носи комбинезони, а косата му е подолга отколку што сме навикнати. Создаден е на „1 Мај“, Меѓународниот ден на трудот, не долго откако Путин, тогаш 40-годишен и поранешен агент на КГБ, стана советник на Анатолиј Собчак, тогашен градоначалник на Санкт Петербург, пренесува нова.рс.
Во видеото, Путин и Собчак играат пинг-понг против чуварите на градоначалникот. Во еден момент Путин се насмевна, а исто така неколку пати се зачеша по вратот.
Екипата подоцна отиде на риболов. Путин изгледа е свесен дека го снимаат, па често го врти грбот кон камерата. Другите викаат кон брегот.
На враќање од риболов, на видеото може да се види Људмила, тогашна сопруга на Путин, како вади штука. Се гледаат и нивните ќерки Марија и Катерина. За време на екскурзијата Путин се испроба и со пикадо.
Archival videos of Putin from the early 1990s were published by Finnish broadcaster Yle
"A unique home archive shows how Putin spent his free time at a luxury villa in southern Finland during the collapse of the Soviet Union."
At the time, Putin was head of the foreign… pic.twitter.com/WJYX8pi1U4
— NEXTA (@nexta_tv) September 24, 2023
Сè се одвивало во вила на финската компанија „Томесто“, која увезувала дрва од Финска.
Путин се вратил во Лениград, или денешен Санкт Петербург, во 1990 година, откако поминал пет години како советски разузнавач во Дрезден. Тој се приклучил на тимот на Собчак и станал шеф на Комитетот за надворешни односи, одговорен за трговски прашања и странски инвестиции. Од тој период датираат и првите обвинувања против Путин за корупција. Владимир Путин тврдеше дека ја напуштил КГБ во август 1991 година во знак на протест поради неуспешниот обид за државен удар против Михаил Горбачов.