За разлика од многумина други кои се обидуваат набрзина да се „вивнат“ на естрадното небо кај нас, пејачот Даниел Крстески тоа го прави скромно и ненаметливо.
Без многу помпа и наметнување, туку напротив, од „сенка“ што се вели, Крстески вади нови песни, спотови, настапува низ земјата и сигурно сме дека неговото време допрва доаѓа…
Пред само неколку дена тој ја извади неговата најнова песна со наслов „Остани“, на која како автор се потпишува лично тој. Музиката, текстот и аранжманот се негово дело, додека мастерингот е дело на Христијан Ѓорѓиевски.
За оваа нова песна, младиот пејач сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште три други девојки, кои да бидеме искрени изгледаат фантастично…
„Ова е комплетно моја песна направена во моето ново студио. Ја правев долго време, не брзав во изборот, иако имам и доста други песни веќе готови. Чекав повеќето од нив да ми „легнат“ и да одлучам која од нив прва да ја објавам. Сега само останува публиката да „пресуди“ дали е ова добро или пак не. Јас искрено се надевам ќе им се допадне“ – ни изјави скромниот пејач.
Даниел има и свој музички бенд составен од одлични професионалци. Тие наскоро започнуваат и со настапи низ земјата, а до тогаш уживајте во „Остани“: