Бразилката Таис Медеирос починала во болница каде шест месеци се борела за живот откако мирисала лута пиперка.
Инцидентот се случил во февруари, додека 25-годишната Тајс готвела со своето момче. Случајно намирисала екстремно лута пиперка, сортата козја пиперка, што прво резултирало со чешање во грлото, а потоа и посета на болницата во Анаполис.
Медицинските експерти брзо го идентификуваа присуството на едем на мозокот, што предизвикува отекување на мозокот. Причината, објаснуваат експертите, е алергиска реакција на чили пиперката. Реакцијата на Бразилката била толку силна што откако ја помирисала пиперката паднала во кома неколку дена и не се освестила,пренесува Н1.
Нејзината мајка Адријана Медеирос за медиумите изјавила дека Тајс претходно имала проблеми со бронхитис и астма.
Иако нејзината состојба накратко се подобрила и од болницата пристигнала дома на 31 јули, таа морала да се врати само четири дена подоцна кога и се појавиле симптоми на висока температура и крв во урината.
Таа требаше повторно да биде пуштена од болница на 10 август, но потоа доживеала бронхоспазам и сепак била задржана во болница каде, пишува The News, на крајот ја загубила битката за живот.