Популарната актерка и модел Силвина Луна (43) починала откако „заработила“ бубрежна болест по операцијата на „бразилско кревање на глутерус“ или задник потврдиле нејзините адвокати, пишува Мирор.
Таа почина на 31 август, откако 79 дена беше во болница поради компликации од операција што ја имала во 2011 година.
Нејзиниот брат, Езекиел Луна, им дал зелено светло на лекарите да ја извадат од апаратот во четвртокот напладне, објавија локалните медиуми.
Актерката имала операција во јуни или јули 2011 година и ја извршил естетскиот хирург Анибал Лотоцки. Тој беше обвинет во 2021 година за смрт на пациент што го оперирал во 2010 година. Силвини инјектирал течност што содржи полиметилметакрилат, која е забранета според аргентинскиот закон. Безбојната, пластична материја се користи како замена за стакло во автомобилски делови, леќи, панели и прозорци.
Силвина првпат побарала лекарска помош во 2015 година кога имала камења во бубрезите. Ѝ дијагностицирале хиперкалцемија, па лекарите ја ставале на неделна дијализа до трансплантација на бубрег.
Во 2016 година, во Мајами, аргентинскиот лекар Кристијан Перез отстрани опасна материја од глутеусот. Потоа изјавил дека Силвина развила автоимуна болест предизвикана од лековите кои ги примала за време на операциите. Сите пациенти добиваат бубрежна болест и на крајот умираат, рече тој тогаш.
Додека чекаше нов бубрег, состојбата и се влоши и беше хоспитализирана на 13 јуни. Беше со седативи речиси две недели, до 29 јуни, кога беше тргната од вентилатор.
На 19 август болницата објави дека Силвина дише самостојно. Неодамна се заразила со бактерии и на 30-ти август повторно и била интубирана, а следниот ден и ги симнале апаратите за одржување.
Јавното обвинителство во Буенос Аирес покрена истрага за нејзината смрт, а беше наредена и обдукција.
Силвина Луна почина само две недели по смртта на Маријано Капрарола, водителот, кој почина како последица на операција во 2010 година, извршена од истиот лекар.
Во февруари 2022 година, д-р Лотоцки беше осуден на четири години затвор по тужба поднесена од актерката и три други жени. Во јули судот пресуди дека му е забрането да се занимава со медицина на пет години. Сепак, тој не е во затвор на издржување на казната, пренесува курир.рс.