Поранешниот сопственик на трговскиот ланец „Хародс“ и на фудбалскиот клуб „Фулам“ Мохамед ал Фајед, почина на 94-годишна возраст, соопшти неговото смејство.
Мохамед ај Фајед беше татко на Доди ал Фајед кој пред 26 години загина заедно со принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз.
Мохамед ал-Фајед постојано тврдеше дека тие биле жртви на заговор на британска елита. Врската на милијардерот со кралското семејство неодамна беше екранизирана во петтата сезона на „Круната“.
Ал Фајед е роден е во Александрија, а се преселил во Велика Британија во 1960-тите. Го купи „Хародс“ во 1985 година, откако претходно стана сопственик на хотелот Риц во Париз во 1979 година. Тој беше сопственик и на фудбалскиот клуб Фулам од 1997 и 2013 година.
Сепак, повеќето луѓе го знаат по неговата континуирана потрага по одговори на прашањата во врска со смртта на неговиот син Доди и прицезата Дијана на 31 август 1997 година.