Со признание на вина, на казна затвор се осудени командирот во затворот Идризово Срѓан Димитријевски и тројцата полицајци кои го овозможија бегството на Беким Мемети, кој издржувал дваесетгодишна казна.
Обвинетите уште на првото рочиште ја признале вината за делото „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“. Покрај за командирот Димитријевски, тригодишна затворска казна Судот изрече и за затворскиот полицаец Трајче Ацковски, додека неговиот колега со иницијали И.П. една и пол година затвор. Условно е осуден третиот полицаец.
Случајот е од јануари годинава, кога затвореникот Беким Мемети под изговор дека не му е добро побарал транспорт до болница, успеа да побегне од транспортното возило, одземајќи го пиштолот и ранувајќи еден од полицајците и замина со друго возило, кое подготвено го чекало.