Данкан Лоренс, победникот на Евровизија 2019 со песната „Аркада“, се ожени со американскиот композитор Џордан Гарфилд.
Бисексуалниот холандски пејач се сврши со својот партнер во 2020 година. Според извештаите, венчавката се одржала во Шведска зад затворени врати, а на интернет е објавена само една фотографија од церемонијата.
Лоренс ја достигна меѓународната слава преку неговата победа на Изборот за песна на Евровизија 2019 година, додека песната стана огромен глобален успех.
Песната успеа да собере 231 поен од комисиите и 261 од телевоутингот.
„Аркада“ подоцна стана огромен хит на Спотифај и сè уште е број еден евровизиска песна на платформата, имајќи постигнато над 1 милијарда стримови (1.007.418.545), пренесува пинк.гр.