Билал Касами продолжи со објавување постови на својот фејсбук профил од вчерашниот настан, кој предизвика контраверзи по пречекот на косовскиот претседател Албун Курти.
И место да се пофали со, како што коментираат граѓаните, со исчистено Тетово, каде е градоначалник, тој објави видео од пречекот на Курти на кое во позадината постојано оди песната „Добредојде во Албанија“ (Welcome to Albania).
Граѓаните особено се револтирани од нефункционалноста на градот, а го гласаа токму Билали, мислејќи дека Тетово ќе го направи подобро место за живеење.
Во коментарите, револт предизвика и поќарот, кој се случи попладнево на штандовите за продажба на книги пред тетовскиот Центар за култура. Граѓани, вработени во околните кафулиња и други дуќани први се обидоа да го изгаснат огнот употребувајќи кофи со вода и ПП апарати.
-Престанете да труете младина. Од тие големи идеи цела младина ви побеегна по Запад. Почнете да градете економски заедницки проекти а не да избирате најлесен пат- национализам, се вели во еден од коментарите