Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов по напорното лето со пожарите заслужено замина на одмор.
Минатата недела Господ прати дожд и се изгаснаа сите пожари, од утрово, како што рече Ангелов, нема активни пожари. Затоа може слободно да одмара.
За одморот тој сам се пофали на Фејсбук.
-Ме нема мене, нема пожари. До дождот ли е, до мене ли е? Да си останам со семејството уште еден ден на море, штом почне да гори јас сум веднаш горе. За саат и пол преку Регионот директ во Републиката. Плус, денес ни е годишнина од брак со љубовта на мојот живот Јасминка Ангелова. Двете наши деца, 14 и 15 годишни тинејџери не сакаат ниту да слушнат да објавам фото на Фејсбук со нив, напиша Ангелов.