Царинска упрва информира за спречен шверц на евра.
-На 18.07.2023 година околу 20 часот на излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин. При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47 илјади евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга – сопатник во возилото, вратени им се по 10 илјади евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите 27 илјади евра привремено се задржани, информираат од Царина.
Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка.