Тепаат мажи ама тепаат и жени! Ваква беше сликата вчера на базен во Штип, каде место да се разладуваат дел од посетителите решиле да се пресметаат.
Тепачката ја потврдија и од МВР.
На 17.7.2023, во 16:10 часот, во Полициската станица Штип, Е. Н. (25) од с. Бучим, Радовишко, пријавила дека околу 15:30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР и додаваат дека тепачката ја пријавила една од жените.