Да се најде паркинг место во Грција е проблем само по себе, а кога се уште треба да се грижиме за сообраќајните знаци кои не сме навикнати да ги користиме, тогаш проблемот драстично се зголемува.
Туристи во Грција се фаќаат како непрописно паркираат, а сега имаме објаснување за сообраќајниот знак што ги мачеше! Ваков знак во други држави не може да се види, но затоа е доста вообичаен во Грција.
Многу возачи, особено туристите во Грција, се збунети кога ќе видат патна табла со една или две вертикални линии прецртани на почетокот на улицата, бидејќи не се сигурни во вистинското значење на овие забрани. Сите знаеме како изгледа стандардниот знак за забрана за паркирање, но возачите се збунуваат кога ќе видат прецртани една или две линии. Овој знак означува и забрана за паркирање, но не и универзална.
Знакот покажува дека паркирањето е забрането од страната на улицата каде што се наоѓате. Но, има една финта. Знак со една линија покажува дека е забрането паркирање во непарни месеци, а каде има две линии, забрането е во парни месеци. Непарни месеци се јануари, март, мај, јули, септември, ноември, додека парните месеци се февруари, април, јуни, август, октомври, декември, пренесувa мондо.рс.
Обично овие два знака коегзистираат, најчесто едниот се поставува на едната страна на улицата, а другиот на другата страна.
Овој прекршок е казнив според одредбите за непрописно паркирање, но во овој случај казната е 40 евра, а не 80 евра и не се отстрануваат регистарските таблички.