Министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка – Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски во рамки на посетата на Македонија денеска ќе имаат средби и во Собранието.
Како што е најавено, Шаленберг, Липавски и Влаховски ќе имаат средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а потоа и поединечни средби со членови на пратеничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со координаторите на владината коалиција и релевантните опозициски партии во Собранието.