Нина Шербеџија му го кажала судбоносното „да“ на долгогодишниот дечко Филип, а церемонијата се одржала во Нови Сад.
Легендарниот актер Раде Шербеџија и неговата сопруга Ленка Удовички ја слават свадбата на нивната ќерка Нина.
Нина на својот долгогодишен дечко Филип му вети вечна љубов пред Бога, а до олтарот ја придружувал гордиот татко Раде држејќи ја цврсто за рака.
За нејзиниот голем ден блесна во долга раскошна венчаница.
Мајката Ленка весело пеела, а сестрите гордо чекореле зад младенците.
Раде освен Нина ги има и ќерките Милица и Вања од бракот со Ленка, а синот Данило и ќерката Луција од првиот брак со Иванка Церовац.
Ленка и Раде се во брак 31 година, а тајната на нивната долготрајна љубов тој еднаш ја откри за магазинот ИН.
„И ќе имаме уште 30. Никогаш не е досадно со неа. Ленка не доаѓа на моите концерти затоа што е нервозна поради мене. Таа нема нервоза кога јас глумам, но кога пеам има нервоза “, изјави самиот Раде во таа прилика, а нивната меѓусебна поддршка говори за многу убава приказна, пренесува dnevnik.hr.