УХМР извести дека дел од фронтален систем придружен со поголема облачна и нестабилна маса се движел од Полошкиот регион кон исток, па се очекуваше во следниот половина час до час да ги зафати Скопскиот и Кумановскиот регион.
Така и се случи, големо невреме во Скопје, кое бутна дрвја.
-Нестабилноста беше проследена со интензивни електрични празнења, интензивен пороен дожд и засилен ветер.. До крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град, велат од ЦУК и додаваат:
-При првиот налет на невремето во Скопје паднаа и дрвја. Едно од дрвјата во населба ,,Мичурин”, во Аеродром падна врз автомобили, едно паркирано и на еден во движење, среќа само на задниот дел на автомобилот во движење, велат од ЦУК.