Тони Зен повторно се врати на тлото на кое неговите рими најдобро звучат, а најмногу болат, па на јавноста и го претстави своето најново музичко парче кое го носи насловот „Ел Падрино“, песна која ќе биде вистински хит ова лето и песна која со сигурност ќе остави белег, не само кај нас, туку во целиот регион.
Пред долги години направи вистински бум со своите текстови кои никого не оставаат рамнодушен и стана национален музички херој, а со истото темпо продолжува и денес. Зад текстот на песната „Ел Падрино“ се потпишува самиот тој, додека пак музиката и аранжманот се на Иван Костадинов.
Целта на ова музичко парче е да се врати почитта помеѓу новите и старите генерации, почит која по се изгледа одамна е изгубена.
„Голема благодарност до сите кои учествуваа и помогнаа за ова да се реализира, потребно беше време, труд и посветеност, секако и многу љубов. Видеото го снимаше Влади, кој беспрекорно се посвети на ова, музиката ја џитна единствениот Smoke Panda, кој ме внесе потполно во овој бит, за да текстот потоа, сам си излезе од мене“. Респект за актерот Томе Станковски, кој одлично ја пренесе емоцијата на човекот “десна рука” на Ел Падрино, исто така и за сите кои беа статисти, неверојатно ја завршивте работата сите, ние не глумиме, ние живееме“, изјави Тони Зен, па додаде:
„Младите артисти некако ја изгубија почитта кон постарите, а постарите пак не ги признаваат младите и се така во круг. „Ел Падрино“ ќе ги потсети сите луѓе за оние изгубени вредности и почитта, кои ги немаме, а кои се многу важни во ова секојдневие“.