Именуван е нов директор на ЈП Улици и Патишта од Скопје, а разрешен е досегашниот Саит Саити. Функцијата в.д директор на претпријатието од денес ќе ја извршува Ќамил Ковачи.
-Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај, соопшти Град Скопје.
Смената на Саит, инаку кадар на ДУИ доаѓа по само три месеци откако доби директорски мандат од 4 години, а по изминувањето на в.д. мандатот.
Само оваа година градоначалничката Данела Арсовска направи десетина промени на првите луѓе во јавните претпријатија.
За најновата нема наведено која е причината.