Јанис Геладос бил на својот брод во Јонското Море, во близина на брегот на Занте, кога видел ајкула.
Геладис не знаел дека огромната ајкула е всушност најбрзата ајкула на светот – ајкула со кратки перки, пишува Дејли Мејл.
Овој вид може да достигне брзина од 46 милји или 74 километри на час. Може да се најде на многу места низ светот, но стана загрозен вид. Може да биде долгa до 4 метри и тежина од околу 570 килограми.
Беше забележанa во Медитеранот минатата година, за прв пат по една деценија.
И по неодамнешната блиска средба со неа, грчки рибар за локалните медиуми изјави:
-Тоа е првата ајкула што некогаш сум ја видел во нашите води. Не можам да кажам каква е, но е огромна!’
Тој додаде дека, зачудувачки, ајкулата воопшто не е агресивна.
-Напротив, таа беше мирна и пливаше покрај бродот како делфин – рече Геладис.
@fishingingreece Ολόκληρο το βίντεο του καρχαρία που έκανε την εμφάνιση του 2 μίλια ανοιχτά από το Ακρωτήρι Ζακύνθου. #ζάκυνθος #καρχαρίας "Ο πρώτος #καρχαρίας Mako (ρυγχοκαρχαρίας) αυτού του μεγέθους που έχω συναντήσει ποτέ στα δικά μας νερά. Κανονικά έχουμε τα δελφίνια να παίζουν στην πλώρη μας, αλλά αυτή ήταν μια ωραία εμπειρία" ΓΕΛΑΔΑΣ ΙΩΑΝΝΗΣ, BIG GAME FISHING
♬ original sound – Fishing in Greece
Видот на ајкула забележана од грчки рибар станува сè поретко откако стана жртва на индустриски риболов, случајен улов и меѓународна трговија со перки.