Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделие, Љупчо Николовски денес присуствуваа на отворање на пазар во Делчево и, секако, моментот го искористија да си испазарат нешто и за дома.
Ковачевски, пред да купи најпрво праша дали тоа е домашно производство, на што секако, му одговорија потврдно.
Затоа паремиерот не штедеше, па од делчевскиот пазар купи се што е потребно за дома, зелка, домати, компири, ротквици, моркови, зелка, дињи, краставици и урда делчевска.
За разлика од него Николвски купи само домати и праски, а забелешка му најде и премеирот кој го праша: „Ти само патлиџани ли купи“.
Двајцата заедно купија и праски, но само премиерот извади праски од ќесето, им подели по една праска на Николовски и на градоначалникот, немиени. Премиерот со сласт ја изеде праската, откако се увери дека е домашна, непрскана, а не увозна. Не видовме дали истото го направија Николовски и градоначалникот.
А додека премиерот купуваше краставици од продавачот, пак, доби и плус две екстра. Продавачот му рече дека тие две краставици се најдобри, на што Ковачевски се намсеа и искоментира: „мора да е најдобра, премиерска е“.
Сакавме да го прашаме премиерот колку пари потроши за пазарење и дали е скап пазарот во Делчво, но немвме можност, бидејќи од прес службата рекоа дека е нехумано да се даваат изјави на жештинава.
По официјалниот дел од отворањето на пазарот и прошетката премиерот и министрот не дадова изјави со образложение дека е жешко.