Постар асистент на факултет во Бања Лука се најде под лупа на полицијата, откако во јавноста се појави информација дека бил жртва на физички напад од неговата сопруга, која го фатила како изневерува со студентка.
Според Српска инфо , се’ се случило откако сопругата отишла на факултет и го фатила сопругот како изневерува.
Наводно, сопругата на асистентот влегла во канцеларијата и го направила видеото кое потоа почнало да се шири на социјалните мрежи. Според некои медиуми, таа ја препратила снимката до сите редакции.
Потоа, според локалните медиуми, сопругата физички го нападнала сопругот. Еден од сведоците снимил и скршено стакло на улица, но и крв.
Од полициската управа во Бања Лука велат дека нападот не им бил пријавен, но дека се преземени одредени проверки.
– Врз основа на пријавите, како и видеото кое се појави во јавноста, полицијата започна проверки за утврдување на сите околности и веродостојноста на снимката, по што по потреба ќе бидат известени надлежните институции – наведуваат.
Ректорот на факултетот од Бања Лука донесе и решение за отказ на асистентот, кој беше фатен со студентката.
извор: Српска инфо